Македонија

По двата пеколно жешки денови следува невреме

По двата пеколно жешки денови следува невреме

Утре под влијание на многу топла воздушна маса од југ ќе преовладува сончево и многу топло време, кон крајот на денот ќе има локално зголемување на облачноста. Дневната температура ќе биде над просекот за овој период од годината, а УВ индексот ќе има висока вредност 7.

Од четврток веќе ќе следи променливо и нестабилно облачно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално можно е процесите да бидат и поинтензивни.

Се очекува минималните температури да се движат од 10 до 17 степени, а максималните да се искачат до 32 степени.

Во петок ќе има преодно намалување на облачноста и ќе дува умерен северен ветер што ќе услови опаѓање на дневната температура. Максималните температури ќе се движат од 21 до 28 степени.

За време на престојниот викенд метеоролозите најавуваат дополнително опаѓање на температурите.

tabelaaa_vremenska