По Џејмс, „Лејкерси“ потпишаа со уште тројца слободни агенти

„Лос Анџелес Лејкерс“ со ангажирањето на Леброн Џејмс во своите редови го купија најзначајниот слободен играч на пазарот, но во истиот ден договориле соработка со уште тројца други кошаркари.
Покрај Леброн, кој потпиша четиригодишен договор вреден 154 милиони долари со „Лејкерси“, во „Стејплс центарот“ наредната сезона ќе играат Ленс Стивенсон, Кентавиј Колдвел Поуп и Џавел Мекги.

Бекот шутер Кеолдвел Поуп играше за „Лејкерс“ и минатата сезона, но како слободен агент потпиша нов договор и ќе заработи 12 милиони долари во новата сезона.

Ланс Стивенсон, доскорашен крилен играч на „Индијана“, исто така потпиша едногодишен договор вреден 4,5 милиони долари.

Триесетгодишниот центар Џавел Мекги дојде од „Голден Стејт“ со кого освоји две шапмионски титули во изминативе две сезони. Тој за „Лејкерси“ ќе ја одигра следната сезона со минимален договор.