По еден бод за Лион и Марсеј

Четри погодоци, по два во двете мрежи, беа постигнати на неделниот дерби натпревар од 18. коло во француската Прва лига, пресметката помеѓу вечните ривали, Олимпик од Лион и Олимпик од Марсеј.

Многу поблиску до посакуваните три бода беа фудбалерите на Лион кои имаа предност од два гола во финишот од првото полувреме.

„Верував дека ќе освоиме најмалку еден бод. Среќен сум поради моите фудбалери кои ги применија моите совети дадени на полувремето. Мислам дека конечниот резултат е најреален, двата тима заслужија по еден бод иако домаќинот имаше осетна предност во поголемиот дел од натпреварот“, изјави тренерот на Марсеј, Жозе Аниго.
Резултати: Бордо – Валенсиен 2:1, Лил – Бастија 2:1, Лион – Марсеј 2:2.