По еден бод за Русија и Јужна Кореја

Голема неизвесност и борба до последниот судиски свиреж имаше и на вториот натпревар од првото коло во групата „Х”, дуелот помеѓу репрезентациите на Русија и Јужна Кореја, кој на крајот заврши без победник, но беа постигнати два погодока.

Јужна Кореја дојде прво во водство, откако голманот на Русија, Игор Акинфеев лошо интервенираше после ударот на искусниот играч за врска, Кеун-Хо Лее, но само неколку минути подоцна, во листата на стрелци се запиша напаѓачот на Зенит, Александр Кержаков.

„Го добив најубавиот роденденски подарок од моите фудбалери. Ја имаме потребната желба, го имаме потребниот квалитете. Фудбалерите ги послушаа сите мои совети, ги применија сите инструкции, но немавме доволно среќа. Секогаш постои таа можност, голманот да направи некоја грешка. Јас можам, Русија може да ја прифати грешката на еден толку искусен голман како Акинфеев. Да бидеме искрени, ние одигравме како што треба после примениот погодок. Имавме четри чисти шасни во првото полувреме, но за жал не искористивме ниту една”, изјави по натпреварот предводникот на „зборнаја”, Фабио Капело.