Спорт

По еден бод за Вардар и Пелистер

По еден бод за Вардар и Пелистер

Последниот неделен натпревар од 21. коло во македонската Прва фудбалска лига, долго очекуваниот дуел помеѓу вечните ривали, Вардар и Пелистер заврши со заслужена поделба на бодовите.

Гостинот прв дојде во водство, со погодокот на Љамчевски во 5 минута, а Вардар израмни во 41 минута отако најзвучната зимска аквизиција, Илчо Наумоски успешно го изведе ударот од белата точка.

На стартот од второто полувреме, поради груба игра, директен црвен картон заработи офанзивниот бек на Вардар, Мите Цикарски.

Вардар и понатаму е прв на првенствената табела и има три бода повеќе од Хоризонт Т. и Работнички.