Македонија

По една деценија рестартирање на базенот Довлеџик во Битола

По една деценија рестартирање на базенот Довлеџик во Битола

Новиот раководен тим на Стрежево одлучи да ја прошири дејноста односно да ги активира сите капацитети кои претпријатието ги поседува.Имено првичниот план им е спортско рекреативниот  комплекс Довлеџик да го рестартираат по една деценија.

„Првично оваа година планот ни е да го отвориме ресторанот значи упрвниот одбор одлучи и по сите законски прописи и рокови ќе објавиме јавен повик за заинтереирани и скако да го отвориме базнеот во сезоната јуни, јули август“, вели Марјан Ѓероски директор на ЈП Стрежево.

Имаат и планови за можно проширување на просторот од 5000м2 на 10 000 м2.

„Таму имаме значи тениски игралишта, игралишта за кошарка шанкови од пред 20 години но идеите се разни ќе ги почекаме нашите архитекти“, додава Ѓеровски.

 

Плановите се оваа година да почнат со рбота ресторанот и базенот и изработката на техничката документација за просторот над базенот која ќе ја оформи финасиската конструкција додека 2015та да биде годината на градење на овој дел.