По експлозијата во метрото во Санкт Петербург хоспитализирани се 51 лице

По експлозијата во метрото во Санкт Петербург хоспитализирани се 51 лице, од кои четворица се во критична состојба, изјави денеска руската министерка за здравство Вероника Сквортсова.

Таа прецизира дека некои од повредените имаат внатрешни повреди, повреди на главата, на есктремитетите, како и изгореници.

Сквортсова додаде дека состојбата на 15-годишното девојче кое е најммлада меѓу повредените се подобрува. Таа се здобила со повреди на мозокот и изгореници, но нејзиниот живот не е во опасност.