По Фрчковски и Ал Џезеира, опозициски „Фокус“ објави: Албанец за премиер на преодната Влада

Арапската телевизија Ал Џезира со својата документарна емисија која предизвика бурни реакции во јавноста поради манипулативниот контекст во кои пренесувани информациите, а Македонија беше преставена како заостаната земја, наговести започнување на криза.

Скандалозната емисија која предизивикува гадење кај народот, отворено стимулира креирање на тензии и поделба меѓу народот во насока на конфликност. Во истиот документарец заменик претседателот на СДСМ Радмила Шеќеринска вели дека работите ќе се влошуваат, а тука е и изјавата на лидерот на ветераните на ОНА кој пред картата на Голема Албанија најавува дека Албанците се подготвени да се борат.

Опозицискиот Фокус два дена подоцна излезе со текст за формирање на преодна влада, што е и клучно барање на СДСМ, каде Албанец ќе биде премиер. Во неделникот се споменува и дека Албанец треба да биде назначен и за директор на МРТВ, а како можен кандидат за таа позиција се споменува името на новинарот Мухамед Зекири кој во јавноста е познат по своите радикални ставови.

Фокус очигледно има ист став како и ударната тупаницата на опозициската СДСМ, Љубомир Фрчковски кој јавно лобираше дека е можно Албанец да биде премиер.

Многумина сметаат дека ова е суптилна понуда до Албанците од опозицискиот Фокус, а главниот извор на ваквата преодна влада биле новинарите на СОРОС кои пак важат за отворени поддржувачи на опозициската СДСМ.