По Гасол ќе игра на Светското првенство во Шпанија

Најголемата ѕвезда на шпанската кошаркарска репрезентација По Гасол, го потврди своето учество на Светското првенство во Шпанија од 30 август до 14 септември годинава.

„Ќе играм за репрезентацијата на Светското првенство , изјави Гасол , кој се уште не знае дали ќе остане во редовите на НБА тимот Лос Анџелес Лејкерс.

„Би сакал да играм уште пет години . Може ова се моите последни денови во Лејкерси. Во текот на летото ќе ги разгледам понудите од другите клубови, но ќе разговарам и со челнивците на Лејкерс“, изјави Гасол.

Пред неколку дена и Рики Рубио порврди дека ќе игра за Шпанија на Светското првенство.