По кавга со новинари, почина братот на еден од убиените во масакрот во Житиште

Смртта која се надви над Житиште поради минатонеделниот масакр во кафулето „Макијато“, кога Синиша Златиќ со автоматска пушка усмрти петмина луѓе, вчера зема уште еден живот.

Не издржа срцето на 49-годишниот Срѓан Станаревиќ, брат на Саша Станаревиќ, момче кое беше тешко рането во ‘рбетот во масакрот.

Во четвртокот попладнето кај Срѓан дошле новинари. По непријатен разговор, ведаш откако си заминале новинарите, човекот добил инфаркт и веднаш починал.