По кој редослед се нанесува козметиката на лицето?

Жените секојдневно во големи количества на лицето нанаесуваат различни козметички производи и шминка. Но, за да имаат вистински ефект овие производи треба да се нанесуваат правилно, а тоа значи дека треба да биде запазен одреден распоред. Се започнува од чиста и хидрирана кожа, а маскарата и карминот се само завршница.

Подготовка

Секогаш треба да започнете со чисто лице. Би требало да почекате секој производ да се исуши, односно кожата да го впие, пред да го нанесете следниот производ. Ако не сте сигурни и ако ја заборавите оваа листа, тогаш водете се од правилото дека секогаш треба да тргнете од „полесните“ кон „потешките“ производи.

Кога го подготвувате лицето и во основната нега треба да се почитува овој распоред:

– Млеко (или некој друг производ) за чистење на кожата;

– Пилинг за лице (водете сметка колку често го користите);

– Маска за лице;

-Тоник;

-Третман за акни;

-Серум против стареење;

-Крема за пределот околу очите;

-Хидрантна крема;

-Масло за лице;

-Крема за сончање;

-Балзам за усни.

Шминка

Иако во последно време шминкерите полемизираат за тоа дали треба прво да се нанесе течна пудра па коректор, или обратноџ, поголемиот дел од нив го изгласаа распоредот што следува. Најважно што треба да се запомни е дека мешањето на производите е поважно од тоа кога сте го нанеле.

– Подлога за шминка (вклучително и подлога за сенка);

– Сенка за очи;

-Моливче за очи:

-Вештачки трепки и/или маскара;

– Моливче/ гел за веѓи;

– Коректор;

– Течна пудра;

– Пудра за цртање контури;

– Руменило;

– Осветлувач;

– Пудра за фиксирање;

– Моливче за усни;

– Кармин;

– Сјај за усни.

Тоа е тоа. Списокот е подолг и за неговата примена потребно ви е малку повеќе време, но тоа е единствен начин за да бидете беспрекорно нашминкани и дека таа шминка нема да „испари“ од лицето или да се размачка по некое време.