По којзнае кој пат – Дерик Роуз се повреди

Роуз заработи нова повреда - овој пат на лицето

Тој беше удрен со лакт. Не ја знаеме сериозноста на повредата, но се надевам ќе биде добро. Знам дека тој е цврст, но ова беше една од тие ситуации кога на тренинг сите одат на топка силно. Не знам кој го удри, можно е да бев и јас. Се игра цврсто и физички. Се надевам ќе биде ОК, изјави соиграчот на Роуз, Таџ Гибсон.

Допрва треба да се оперира, уште денеска, а потоа ќе се знае колку време би било потребно за рехабилитација. Роуз е најдобриот играч на Чикаго, кога е здрав и сигурно претставува главен адут во обидите да се врати старата слава, од 90-тите.

Неговата повреда веќе не е интересна новост дури и за оние што не се доволно упатени во НБА-лигата. Дерик Роуз никако не може да врзе добар период во последниве години поради сериозните, па и поситните повреди. Најсериозна беше онаа од април 2012 година, кога скина предни вкрстени лигаменти уште на првиот меч од плејофот. Ја пропушти целата наредна сезона, а потоа доби уште една повреда на коленото по која мораше да се оперира и пред време да ја заврши сезоната 2013-14.

Во 2014/15 пропушти значителен дел поради скинат менискус, иако се врати во ростерот пред крајот на основниот дел од сезоната. Сѐ на сѐ, Роуз се појавил во 100 натпревари од регуларната сезона во последните четири години за Булс.

Новинарот на Асошиејтед прес, Тим Рејнолдс, направи хронолошка класификација на сите објави за повреда на Дерик Роуз и ги објави на твитер.

Сите повреди на Дерик Роуз

29.09.2015 – скршена очна празнина

24.02.2015 – скинат менискус на десното колено

10.01.2015 – болка во левото колено

18.12.2014
– болест

25.11.2014 – задна ложа на бутен мускул

13.11.2014
– истегната задна ложа

07.11.2014 – истегнат скочен зглоб

31.10.2014 – истегнат скочен зглоб

23.11.2013 – операција на десното колено

12.11.2013 – болка во десниот бутен мускул

28.04.2012 – скинати предни вкрстени лигамените

16.04.2012
– стапало

10.04.2012 – истегнат десен скочен зглоб

14.03.2012
– препони

10.02.2012 – повреда на кичмата

16.01.2012 – поверда на палецот на левата нога

11.01.2012 – повреда на палецот на левата нога

26.01.2011
– грип

14.12.2010 – истегнат зглоб на десната дланка

26.11.2010 – вкочанет врат

11.03.2010 – истегнат зглоб на левата дланка

10.02.2010 – повреден десен колк

12.11.2008
– болки во грбот

24.10.2008 – напуштил сред натпревар, повреда на десниот колк