По Крим, Русите ја сакаат и Алјаска

Повеќе од 22.000 луѓе ја потпишаа петицијата на сајтот „Беле“ за отцепување на Алјаска од Соединетите Американски Држави  и нејзино припојување кон Русија, пренесе РИА Новости.

Петицијата со наслов „Вратете ја Алјаска на Русија“ потсетува дека Русите се први кои го населиле овој регион.

Алјаска била руска колонија се до 1867 година кога рускиот цар Александар Втори ја за продал на Америка за 7,2 милиони долари, односно денешни 120 милиони долари.

Доколку петиција, која е покрената на 21 март, собере 100.000 потписи за еден месец, администрацијата на претседателот Барак Обама ќе мора да одговори на нивното барање.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.