вторник, 23 мај 2017  |  Вести денес: 15

По крвавиот настан на Абдоменална хирургија, лекарите бараат оставка од Тодоров

Во спротивно, тие се закануваат дека нема да вршат операции на Клиничкиот центар во хируршките клиники.

и детео, во моментот немала контакт со реалноста

и детео, во моментот немала контакт со реалноста

Последни вести

По денешниот настан на Клиниката за абдоменална хирургија, кога незадоволен пациент го застрела лекарот  Љубомир О. лекарите истапија со барање за морална оставка од министерот за здраство, Никола Тодоров и измени на законите з здравствена заштита. Во спротивно, тие се закануваат дека нема да вршат операции на Клиничкиот центар во хируршките клиники.

Според првичните информации, мајката на напаѓачот била примена синоќа со тешка дијагноза по што итно била оперирана. Таа починала утрово во шок соба. Тој незадоволен од лекарот, дошол на Клиниката заедно со уште двајца други, влегол во канцеларијата на лекарот и во него испукал три куршуми. По драмата која се случила на клиниката, и откако пукал во докторот, тој свесно останал на клиниката и чекал да дојде полиција.

Напаѓачот, заедно со двајцата свои придружници кои дивееле на Клиниката е приведен.

Лекарот е опериран и е вон животна опасност.

Плицијата сеуште врши увид на местоот на настанот.

 

 

Најчитани вести