По лагата за Израел, нов бисер на сдсмовската Телма

СДСМ продолжува со својата добро позната стратегија на фабрикување на лаги и конструкции преку медиумите кои се под нивна директна контрола. Очајните обиди и гнасна кампања се само доказ дека СДСМ е во депресија заради последните анкети кои покажуваат катастрофално губење во однос на ВМРО-ДПМНЕ, пишува Курир.

Имено, опозициската телевизија Телма која минатата недела беше вмешана во дипломатскиот скандал на Заев пренесувајќи ги невистините за средбите во Израел повторна во служба на СДСМ пласира нови лаги.

Овојпат Телма преку скандалнозен новинарски текст под насловот „Наместо Груевски Иванов на Самитот во Брисел“  пласира нови лаги и констукции нарачани дирекно од СДСМ за некакво незадоволство и револт на претседателот на ЕК,  Жан Клод Јункер од одлагањето на роковите за исполнување на обврските од договорот од Пржино.

Извори од владејачката ВМРО-ДПМНЕ ги негираат ваквите пишувања на Телма и посочија дека токму во моментов премиерот Никола Груевски е на самит на Европската народна партија во Мадрид на кој се присутни и највлијателните европски лидери, како Претседателот на Европската Комисија Жан Клод Јункер, канцеларката Ангела Меркел, претседателот на Европскиот совет Доналд Туск и други.

Ова не е прв пат вакви лаги и конструкции да бидат пласирани од опозициските медиуми. Изминатата недела  Телма се стави во служба на Зоран Заев и СДСМ и ги пренесе лагите за средбите во Израел на лидерот на СДСМ, кои неколку дена подоцна беа демантирани преку официјални изјави и соопштенија од државата Израел.

Со ваквите текстови и ниските новинарски стандарди се става под знак прашалник професионалноста и објективноста на Телма како медиум.

Премиерот Груевски денеска учествуваше на работното претседателство на Европската народна партија кое го предводи процесот на избор за нов претседател, и заедно со останатите политички лидери од Европа гласаше за избор на нов претседател.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.