По МТВ и Канал 5 се нуди за дуелот Заев-Мицкоски

По МТВ и телевизијата Канал 5 објави дека се нуди да организира телевизиски дуел меѓу лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски.

Дуелот би бил организиран во рамки на емисијата „Само вистина“, а би траел меѓу два и три часа, со паузи на секои 45 или 60 минути зависно од договореното.

Заев и Мицкоски би се соочиле на теми од домашната и надворешната политика, економијата и социјалата.

Попладнево МТВ се понуди да организира ТВ дуел меѓу Зоран Заев и Христијан Мицкоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.