По наредба на Ким Јонг Ун извршени 15 егзекуции

Севернокорејскиот претседател Ким Јонг Ун само во текот на оваа година наредил 15 егзекуции, меѓу кои и на високо позиционирани политички фигури од власта, казнувајќи ги затоа што ја оспориле неговата власт, пренесоа британските медиуми.

Според неименуван извор од ационалната разузнавачка служба, еден од егзекутираните е заменик-министерот за шуми, а казната ја добил затоа што се жалел на државната политика.

Од изјавата на разузнавачот, е јасно дека јужнокорејското разузнавање очекува Ким Јонг­ Ун да замина за Москва на свеченостите по повод Денот на победата.

За него ова ќе биде првата посета на некоја странска држава откако пред 4 години ја презема власта во Северна Кореја.