По неуспешниот Референдум, на опозицијата и нејзините мегафони сите им се виновни

По вчерашниот неуспешен референдум за ГТЦ во општина Центар, на социјалните мрежи и во медиумите се појавија низа обвинувања и препукувања. Причините за неуспехот се секаде, но не и во она што е најевидентно, во деструктивната политика на опозицијата и на властите во општина Центар.

Референдумот за ГТЦ е неуспешен, затоа што ја нема потребната излезност за законскиот цензус од 50%. Според информациите кои ги потврдија од ДИК и од општина Центар, вчера во општината на гласање излегле 40.5% од запишаните гласачи во општината, односно недостигаат околу 10% за референдумот  да биде успешен.

komentari_centar_6

Дел од граѓаните на социјалните мрежи побараа оставка од градоначалникот на општина Центар, а некои од нив сметаат дека неуспешниот Референдум во целост ја отсликува состојбата и дека власта во општината не ужива толку голема доверба како што тврди.

Според други пак, виновни се активистите на ВМРО – ДПМНЕ кои напорно работеле за неуспех, наспроти опозицијата која недоволно работела на пропаганден план.

komentari_centar_5

 

Други пак имаат сосема поинакви видувања и со говор на омраза и навреди се обраќаат кон жителите на општината.

komentari_centar_4

komentari_centar_3

 

Од друга страна, голем број граѓани на социјалните мрежи го осудија однесувањето на опозицијата.

– Денес зборува едно, од утре ќе почне да пишува дека имало врз граѓаните притисок и разни заканувања, ќе се монтираат разни сценарија, а за секој нивни неуспех се наоѓа кривец. Жерновски веќе почна со заканите, стои во еден од коментарите.

Во друг коментар пак се нагласува дека луѓе од опозицијата оделе од врата на врата, ги снимале граѓаните и без нивна согласност ги ставале на Јутјуб.

– Го доживејаа заслуженото, за срамна политика срамен пораз, се нагласува во коментарот.

Препукувања и во опозицијата

По неуспешниот референдум на социјалните мрежи се појавија низа препукувања помеѓу повеќе новинари кои важат за блиски до опозицијата.

ivor

Опозицискиот колумнист Ивор Мицковски по неуспешниот референдум во Центар порача вината за огромниот неуспех на референдумот за ГТЦ да не се префрла само на Жерновски, туку дека тоа е вина на опозицијата. Мицковски пишува дека опозицијата е фрагментирана, нивните бомби се неуспешни и нема капацитет за промени.

-Ова не е пораз само на Жерновски, да не се лажеме. Ова е пораз за целата фрагментирана и поделена опозиција. Ова е пораз на бомбите за Центар. Ова е потсетување дека нема иднина со монополизирана опозиција, дека критиката е повеќе од потребна и дека суштински треба да се преиспита актуелното политичко делување, пишува Мицковски.

Според Мицковски, “сега ќе слушаме како борбата продолжува, и тоа е така, но денес, докажавме дека не сме ништо подобри од тие што сакаме да ги смениме…’

Зоран Димитровски- Жоро од Фокус, кој важи за еден од главните поддржувачи на политиките на СДСМ преку својот Фејсбук профил побара градоначалникот на Центар Андреј Жерновски да си поднесе оставка.

-Жерновски да си поднесе оставка! Тоа е најмалку што може да го направи во моментов!, напиша Димитровски.

Подолу во коментарите Димитровски допишува дека Жерновски и нанел штета на опозицијата и дека е јасна волјата на граѓаните.

-Жерновски треба да сноси одговорност зашто сметам дека и нанесе штета на опозицијата, додава опозицискиот новинар.

Бранко Героски во својата колумна жестоко ја искритикува опозицијата за неуспехот. Според него опозиционерите не знаеле да изработат позитивен референдум и индиректно ги обвини дека се одговорни затоа што според него не знаеле вистински да организираат кампања и недоволно работеле на задачата.

gero-kolumna

-Да се разбереме добро. И јас сум зависник од Фејсбук. И јас сакам лајкови и шерови. И Твитер ми е забавен. И јас сакам ивенти. Оние гушкања за ГТЦ беа забавни. Сето тоа е убаво и потребно. И симпатично. Но, тој што помислил дека така се прави кампања за референдум или за избори, тој нема поим што е политика! Да бидам искрен, мене работава ми изгледаше вака – седнале деца на Фејсбук и си играат политика. Без митинзи и масовни собири со граѓаните, без жешки говори, без одење од врата на врата (конкретно, на вратите на 40.000 избирачи), без макотрпна работа на терен 24 часа дневно, конечно без обмислена и сериозна медиумска кампања, нема успех на избори, напиша Героски.

На ваквите ставови на Героски се спротивстави првиот човек на агенцијата „Рејтинг“ Ѓорѓи Спасов, чија анкета за ГТЦ објавена пред само неколку дена се покажа како тотално промашување.  Спасов му порача на Героски дека апсолутно не бил во право, односно новинарот бил “опседнат со силата на бојкотот“.

spasov

– Можеби ти знаеш да организираш во вакви услови многу подобри кампањи, и тоа не е лошо да го покажеш во некоја наредна прилика, кога ќе оцениш дека се создадени услови не само за бојкот туку и за избори. За разлика од тебе јас мислам дека референдумот беше една конечно нормална работа во услови на општа ненормалност, напиша Спасов, по што Героски возврати:

geros

– Што се однесува до “модерната кампања”, предложете им ваква кампања на СДСМ и на следните избори. Тие умираат од желба да изгубат, ама да бидат и “модерни” и “морални победници”, напиша Героски.

По ваквата „лута“ преписка на опозициските експоненти со свој коментар се јави и претседателот на СДСМ, Зоран Заев, кој се обиде да балансира помеѓу Героски и Спасов.

zoki

-Немојте да бидете храбри борци кои при првата помисла дека непријателот против кој се бориме ќе искористи наш половичен успех или неуспех … веднаш почнуваме да бараме кој тоа е виновен. .. нема овде виновни, напиша Заев.

Героски му порача на Заев дека од иницијаторите на референдумот  не очекува фалбаџиство какво што чита, туку реална анализа и самокритика.

odgovor-gero

– Како лидер на опозицијата можеби имате обврска да настапите со вакви оценки, но морам да ви кажам дека не ме импресионира вашето ласкање, напиша Героски.