По одговорот што ќе го добие денес, Заев ќе мора да ја признае нечистата игра

Во врска со денешната прес-конференција која Зоран Заев ја оддржа во седиштето на СДСМ се очекува брза реакција од МВР и надлежните институции, објави Курир.

Курир повикувајќи се на сопствени информации пишува дека одговорот ќе биде детален, со документи, аргументиран, прецизен и остар.

Зоран Заев денес изврши удар врз безбедносната соработка и безбедносните системи на две држави, на Република Македонија и на Израел.

После одговорот денес, кој се очекува од МВР, Курир пишува дека Зоран Заев ќе мора да ја призне нечистата игра во која сака да ја вовлече Македонија, а членството на СДСМ ќе потоне во срам.

Неговата прес-конференција денес има загрозувачки карактер за општата безбедност.