Македонија

По осумнаесетти пат традиционална Мичуринска средба во Аеродром

По осумнаесетти пат традиционална Мичуринска средба во Аеродром

Општина Аеродром и годинава ќе ја поддржи традиционалната Мичуринска средба, што ја организира Здружението на граѓани „Мичуринска средба“, а која годинава ќе се одржи по осумнаесетти пат.

Централната манифестација е закажана за понеделник, во 19 часот, на платото во паркот во населбата Мичурин.

Во рамки на прославата на големиот православен празник „Свети Василиј“, меѓу народот познат како Стара нова година, ќе се одржи богата музичка програма и неизбежното кршење на традиционалната погача со златна паричка и избор на нов кум на средбата.

За цело време на манифестацијата ќе се послужува топол чај, сокови, греена ракија и сендвичи.

Во рамките на овогодишната Мичуринска средба ќе се одржи и ученичката приредба и тоа од 17:00 до 19:00 часот, во чија организација се вклучени младите мајки мичуринки и ученици од основото училиште„Блаже Конески“. Училишната програма ќе содржи рецитали, хорски настапи, куклена претстава и модерни танцови. Инаку, музиката за добро расположение во Мичурин ќе почне во 12 часот на пладне, со што ќе почне одбележувањето на празникот Василица.

Поканети гости на овогодишната Мичуринска средба се градоначалниците Град Скопје, на општините Аеродром и Кисела Вода, Коце Трајановски, Ивица Коневски и Билјана Беличанец, како и други истакнати лица од политичкиот и стопанскиот живот во Република Македонија.