По Панамските, Рајските документи ги обелоденуваат даночните тајни на светските богаташи

Foto: Illustration: Bene Rohlmann

Од две реномирани компании за давање офшор услуги од Бермуда и од Сингапур во јавноста протекоа 13,4 милиони доверливи документи кои ги откриваат новите даночни тајни на најбогатите луѓе во светот, а медиумите ова истекување го споредуваат со минатогодишниот скандал „Панамски документи“ поради кој многу светски политичари се најдоа во непријатности.

Документите наречени „Рајски документи“ (Paradise Papers) истекоа од адвокатската компанија 2Апплебѕ“ основана на Бермуда и компанијата „ Asiaciti Trust“ од Сингапур, а повторно дојдоа во посед на германскиот весник Sueddeutsche Zeitung кој ги сподели со Меѓународниот конзорциум на истражувачките медиуми (ICIJ).

Материјалите „покажуваат колку длабоко офшор финансискиот систем е поврзан со испреплетените светови на политичките играчи, приватното богатство и корпоративните гиганти“, објави ICIJ во неделата.

Имињата на повеќе од 120 политичари од речиси 50 земји се појавуваат во документите кои содржат 1,4 терабајти податоци.

Весникот Sueddeutsche Zeitung, кој започна со објавување на дел од содржината на споменатите документи во неделата доцна вечерта, пишува дека тие покажуваат дека големите компании и најголемите светски богаташи ги кријат парите во даночните оази.

Повеќето од документите потекнуваат од адвокатската компанија „Appleby“,. Конзорциумот наведува дека меѓу нејзините клиенти се големи финансиски институции, како што се „Citigroup“ и „Bank of America“, како и технолошкиот гигант „Apple“ и „Uber“, и спортскиот бенд „Nike“.

Покрај тоа, документите содржат и имиња на неколку илјади германски државјани, меѓи кои наводно се и милијардерите Курт Енгелхорн, кој почина во 2013 година, и Паул Гуазелман но и поранешниот канцелар Герхард Шредер.

Во документите се споменуваат и неколку големи германски компании, како сервисот за изнајмување „Sixt“, поштенскиот концерн „ Deutsche Post“, електронскиот гигант „Siemens“, фармацевтската компанија „Bayer“, банкарскиот конгломерат „Deutsche Bank“. Засега не е наведено во кој однос тие се поврзани со офшор компаниите.

Весникот наведува и дека и британската кралица Елизабета Втора е „индиректно“ опфатена со Рајските документи, во врска со инвестиции на менаџерите со нејзиниот капитал, кои се поврзани со контроверзна фирма преку фонд на Кајманските острови. Покрај тоа, и близок соработник на канадскиот премиер Џастин Трудо, е вклучен во сомнителниот бизнис на ваквите фондови, но од канадската влада не сакале да коментираат.

Од адвокатската компанија „ Appleby“ себеси се опишуваат како „еден од најголемите светски даватели на офшор правни услуги“, а во октомври признаа дека нивната компјутерска мрежа била хакирана.

Меѓу објавените документи се и половина милион белешки од „ Asiaciti Trust“, компанија со седиште во Сингапур и специјализирана, исто така, за офшор услуги.