По пауза од пет години Штип ќе има дочек на Нова Година на градскиот плоштад

Општина Штип во соработка со граѓанско здружение е во завршна фаза на договорање за организирање на дочек на Новата година на градскиот плоштад, информираат од општината.

Претставници на граѓанското здружение се во преговори со неколку музичари, од кои дел од Штип, за настап на градскиот плоштад.

По пауза од речиси пет години, ова ќе биде прв пат да се организира дочек на нова година на плоштадот. Граѓанското здружение се обидува ова да го направи скромно, со цел оние кои ќе останат во Штип да имаат можност да бидат присутни на плоштадот и да имаат можност за новогодишна забава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.