По пеколните горештини, малку посвежо време

Малку посвежо време ни најавуваат метеоролозите за денес. Според УХМР, по вчерашните пеколни горештини, денес ќе биде променливо облачно со сончеви и периоди со повремени локални и краткотрајни врнежи од дожд.

Наместа врнежите ќе бидат проследени со грмежи, особено повеќе ќе бидат застапени во планинските подрачја, но претежно во утринските и во доцните вечерни часови.

Ке дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, а долж Повардарието повремено ќе се засилува.

Утрнската температура во Македонија ќе се движи од 14  до 21 степени, а највисоката се очекува да достигне  од 33 до 38 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Малку посвежо време и во Скопје

Малку посвежо време денес ќе има и во Скопје. Денес во главниот град на држават се очекува времето да биде променливо облачно  со сончеви периоди со услови за краткотраен дожд  и со умерен до засилен северозападен ветер.

Малку посвежо време денес ќе има и во Скопје
Малку посвежо време денес ќе има и во Скопје

Утринската температура ќе се спушти до околу 19, а највисоката дневна ќе достигне до 36 степени.

Малку посвежо време и за престојниот продолжен викенд

И во наредните денови, според најавите, не очекува малку посвежо време. Метеоролозите за наредните денови најавуваат сончево со мала до умерена локална облачност и малку по пријатно време.

Се очекува опаѓање на дневните температури за неколку степени.

Посвежо време во попладневните часови краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.
Посвежо време во попладневните часови краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Во попладневните часови метеоролозите најавуваат дека ќе има локален развој на нестабилна облачност која ќе биде проследена  со краткотраен  пороен  дожд и ретки грмежи.

Бремените и хронично болните да не работат

Инаку, препораките на Владата донесени поради топлото време сеуште се на сила.

Бремените и хронично болните се ослободени од работа до 4-ти август. Донесените препораки за ослободување од работни обврски на бремените и хронично болните лица на возраст над 60 години, како и препораките да се избегнува вршење градежни активности на отворено во периодот од 12 до 17 часот, ќе продолжат да важат до 4-ти август соопшти пред два дена Министерството за здравство.

Какво ќе биде времето за престојниот продолжен викенд, видете на следниот линк.