По Полска САД испрати војници во Литванија, следна е Естонија

Американски војници пристигнаа во Литванија како дел од американскиот контингент од 600 припадници за кои Вашингтон одлучи да ги испрати во Балтичкиот регион поради растечките тензии околу Русија и Украина.

Претседателката на Литванија, Далија Грибаискајте го поздрави доаѓањето на американските војници во регионот.

– Ние знаеме кои се нашите прави пријатели, кои во оваа ситуација пристигнаа да помогнат, изјави Грибаискајте по доаѓањето на околу 150 војници од 173. воздухопловна бригада во воздушната база Сиаулај.

Американските војници ќе учествуваат во неколку воени вежби во текот на годината.

Во средата уште еден контингент американски војници допатува во Полска, а вчера во Летонија, а предвидено е уште 150 војници да пристигнат во Естонија в понеделник.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.