По поплавите, дождот донесе и свлечишта во Штип

Дождовите кои интензивно врнат изминатите денови донесоа нови проблеми за локалната самоуправа. И покрај сиот ангажман на општината, очигледно е дека не може да се стигне насекаде, а дождот и водата си го прават своето, па на неколку места низ Штип се појавија и свлечишта, пренесува „Старплус„ на ТВ Стар.

svl1

 

Во Ново Село, во Три Чешми, на градските гробишта, на улицата „Цветан Димов“ и на стадионот кој го направи Агенцијата за млади и спорт пред неколку години на Суитлакот, се појавија помали или поголеми свлечишта кои носат опасност за граѓаните, за индивидуалци па и за повеќе проекти.

svl2
– Општината веќе прави напори за санирање на штетите. Во текот на вчерашниот ден направени се на пример фотографии од свлечиштето над игралиштето на Суитлакот и истите ќе се испратат до Агенцијата за млади и спорт и ќе биде побарана поддршка за санирање на штетата од нив. Ние имаме одлична соработка со нив и верувам дека ќе помогнат во рамките на нивните можности и ингереции. Што се однесува до другите локации, преку јавните претпријатие се обидуваме да ги санираме штетите и колку што можеме ќе помогнеме а доколку е потребна помош и од други институции и тоа ќе го направиме. Станува збор за природа, за дождливи периоди кои не можеме да ги контролираме, а кои предизивкуваат штети – изјави Драган Ристов, советник за односи со јавност на Општина Штип.

Циклоните кои во неколку наврати ја зафатија Македонија оставија зад себе многу штети посебно во штипско каде беа поплавени земјоделски посеви и имоти во Лакавичкиот регион но со навремена интервенција на локалната самоуправа беше спречено излевање на река Брегалница и поплави во Ново Село, пренесува „Старплус„ на ТВ Стар.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.