По повод Денот на Ромите во КИЦ се оддржа Рома музички караван

Здружението МИР – Скопје во соработка со Здружението на граѓани МАДАМ ФОРТУНА, Антервпен, Кралството Белгија, во Културниот Информативен Центар – Скопје на 8-ми април реализираа музички концерт во рамките на проектот Рома караван.

На концертот 12 млади музичари Роми и Македонци, на необичен и крајно креативен  начин изведоа стари Ромски песни обработени и аранжирани во етно џез и блус линија. Пред голем број на личности од јавниниот, културниот и политичкиот живот, музичкиот бенд на одличен начин и крајно интересно успеаа да ја доближат ромската музика до јавноста и да ја претстават убавината на ромската култура.

Концерот кој се оддржа е во рамките на прославата на 8-ми Април, меѓународниот ден на Ромите и ден кој е посветен на историјата и културата на Ромите. Овој концерт преставува само еден сегмент од проектот, кој има за цел да ги престави значењето на културните вредности и специфики на Ромската заедница и да се разменат културни вредности помеѓу Ромите и не-Ромите преку музиката.

Преку музиката која е јазикот на проектот и универзалниот јазик кој сите го разбираат, кој ги поврзува различностите, од било која сфера на жиевеење, музичкиот бенд ја пренесе ромската култура и ги сруши бариерите кои постојат. Покрај концертот в Скопје, музичкиот бенд својот репертоар и ќе го претстават и на концерти во европа, поточно во Белгија, Франција и Германија во текот на летните месеци.

– Музиката е таа што не поврзува сите и преку овој концерт сакавме уште повеќе да ја доближими ромската култура и музика до јавноста. Необичниот пристап и обработката на ромската музика во етно џез и блуз стил ќе допринесе јавноста уште повеќе да се заинтересира и осознае за ромската култура која е многу богата. Музиката е одличен начин да се срушат бариерите за Ромите, изјави Сехерсијан Саит – координатор на проектот Мадам Фортуна.

– Навистина сум среќен од успешноста на концертот и како публиката ја прифати музиката која ја изведовме. Аплазуот кој го добивме преставува награда за сите нас кои изминативе месеци напорно се подготувавме за ова. Голема благодарност за Мадам Фортуна што ни овозможи на креативен начин да ја доближиме ромската музика до јавноста, изјави Денис Емин – музички координатор на проектот.

Ромски Караван е интернационален проект која истражува заедничка основа меѓу Ромите и не-Ромите, со специфични уметнички и општествени цели. Проектот се реализира 4 години нанназад од страна на Социо-Артистичката организација МАДАМ ФОРТУНА од Кралството Белгија