Македонија

По повод „Св. Троица“ Радовиш беше домаќин на 800 дечиња – фолклористи

По повод „Св. Троица“ Радовиш беше домаќин на 800 дечиња – фолклористи

Викендов под покровителство на градоначалникот на општина Радовиш, Сашко Николов беше одржан јубилејниот 15-ти по ред  Меѓународен фолклорен детски фестивал ,,Оро весело“.

DSC_5075Овој фестивал се организира по повод патронот на градот празникот „Св. Троица“. Успешната организација се должи на долгогодишното искуство и работа на ФА,,Бучим,, кој ова година успеаа да организираат настап на 20 ансамбли од сите региони на Република Македонија како и два ансамбли од Р.Бугарија од Кресна и Струмјани.

Главниот настап беше на плоштадот, а нему му претходеше дефиле и посета на храмот „Света Троица“.

Претставници на фолклорните ансамбли имаа прием кај Градоначалникот Сашко Николов каде им беа дадени пригодни подароци.

DSC_5008

Ова фолклорна манифестација станува препознатлив културен белег на општина Радовиш.

DSC_5165