По повод Светскиот ден на борба против гладта

Денес, по повод Светскиот ден на борба против гладта, ОНЕ во соработка со Црвениот Крст на Град Скопје организираше донаторска акција за вработените во компанијата кои и овојпат ја покажаа својата хуманост и донираа хранa и парични средства.

Со акцијата беа собрани долготрајни прехрамбени производи кои ќе бидат наменети за стари лица и лица со посебни потреби кои живеат во рурални средини, a кои во текот на зимскиот период се целосно отсечени од урбаните средини.

Веќе петта година по ред вработените во ОНЕ активно се вклучуваат во одбележувањето на Светскиот ден на борба против гладта, 16-ти октомври.