По прекрасните сончеви денови очекувајте дожд и пониски температури од петок

Во следните денови, според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи, ќе се задржи сончево и топло време.

Локален дожд и намалување на дневните температури се очекува во петок и за време на следниот викенд.

За утре метеоролозите најавуваат сончево време со дневна температура од 16 степени во Охрид до 22 степени во Гевгелија. Во Скопје и околината ќе биде сончево со максимална дневна до 19-от степен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.