По продолжениот викенд следи заладување

Сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има изолиран развој на нестабилна облачност со краткотраен дожд и ретки грмежи, особено во планинските предели. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер.

Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 32 степена.

Утре под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен јужен ветер, особено во северните и источните делови. И во сабота ќе дува умерен, на места засилен јужен ветер, а во недела попладне во западните делови ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Во понеделник се очекува облачно време со повремени дождови. Во вторник ќе следи преодно стабилизирање на времето, а во среда повторно се очекува облачно време, со дожд и грмежи.

vremenska_novaaa