По прогласеното примирје, загинаа четворица украински војници

Меѓународниот аеродром во близина на Доњецк, седиштето на проруските сепаратисти, било изложено на ракетни напади веднаш по објавувањето на примирјето меѓу украинските и бунтовничките сили.

Аеродромот е контролиран од украинските сили и многу често е на удар од сепаратистите.

Четвороци украински војници загинале од почетокот на примирјето меѓу владините сили и проруските борци, изјави шефот на медицинското одделение на Министерството за одбрана, Виталиј Андронати. Тој додаде деа 29 војници се ранети во текот на примирјето кое стапи на сила на 5-ти септември.

Пеимирјето генерално се почитува во цела источна Украина, но во некои области, посебно во Доњецк и во близина на приморскиот град Маријупољ се слушаат секојдневни пукања.

Една жена погинала, а уште најмалку четворица цивили се повредени викендов кога украинските сили наишле на оган источно од Маријупољ.