По самитот на НАТО светската војна е се’ поблиску

Самитот на НАТО во Варшава го потврди тоа кое сите /со исклучок на македонските политичари/ го знаевме: подготовката за војна со Русија е при крај.

Станува збор како за воена, така и за економска и пропагандна подготовка. НАТО официјално најави дека Русија била најголема закана за мирот затоа што ја загрозувала нивната периферија. Нема потреба да прашаме што бара „периферијата“ на НАТО околу руските граници. Ниту, пак, зошто Русија е опкружена со 800 американски и НАТО-вски воени бази, ако нивната цел е Иран. Русите знаат да даваат активни одговори на такви прашања. Битен е фактот дека САД и НАТО целосно се разоткрија како светски терористи и како создавачи на „Исламска држава“. Во нивната Декларација, Русија е прва на удар, а ИД одвај на трето место.

Во Декларацијата на НАТО се гледа и стратегијата на САД во однос на Русија, која е целосно погрешена. Зошто? Затоа што, Американците ја користат тактиката од времето на Реган против Советскиот сојуз: воен натпревар, економска ослабеност за на крај капитулација на Горбачов. Само што забораваат две работи.

ПРВАТА е дека Русите се повлекоа од источна Европа и Советскиот сојуз се распадна, но Русија не капитулира. Нејзината поранешна експлозија преку Источниот блок се трансформира во имплозија, т.е. враќање кон главното јадро. Потоа, дел од државите во Советскиот сојуз се вратија кон сојуз со Русија – економски и воен.

ВТОРОТО, кое САД го забораваат, е дека Путин не е Горбачов. Да се потсетиме со какви зборови ја скроти агресивната толпа собрана околу советската амбасада во Германија во 1990 година: „Имам 13 куршуми, 12 се за вас, последиот – за мене“.

Точно е, дека во споредба со САД и останатите држави во НАТО, Русија е економско џуџе. Точно е и дека воените трошоци на овие држави се 948 милиарди долари годишно, наспроти 69,3 милијарди руски. Значи, ако се води традиционална војна со тенкови и авиони, Русија секако ќе биде победена.

САМО ШТО ТАКВА ВОЈНА НЕМА ДА ИМА.

Затоа официјално во 2010 година Русите ставија акцент врз нуклеарното оружије, без да се откажуваат и од традиционалното.

ВО НУКЛЕАРНИТЕ И СЛИЧНИ НА НИВ ХИПЕРЗВУКОВИ ОРУДИЈА ДЕНЕС РУСИЈА ИМА ПРЕДНОСТ. МОМЕНТНО ТАА Е КАКО ТАРАЛЕЗ, СТЕГНАТ И СКОНЦЕНТРИРАН, КОЈ ГИ ЧЕКА СВОИТЕ НЕПРИЈАТЕЛИ.

Не еднаш сум кажал дека Русија и Кина секогаш имале психолошка предност пред Западот.  Во западните општества доминира конформизмот, тој е нивен идеал. Такви луѓе /со исклучок на Германците/ гледаат на војната како на претстава или како на спортска тепачка. Но, и за таква тепачка немаат доволно сили и тоа го видовме на европското првенство во Франција. Во споредба со Западот, источните народи имаат друга филозофија за животот, спремни се да се жртвуват за вредности кои на Запад одамна се отфрлени. Во 1947 година Алан Далес, иден  шеф на ЦИА, кажа:

„Ние ќе го фрлиме целото злато на САД, целата моќ на САД за да манипулираме и да ги направиме глупи луѓето од социјалистичките држави. Невидливо ќе ги замениме човечките вредности со фалшливи“.

За време на Студената војна САД фрлија повеќе од 30.000 милијарди долари за таа цел и успеаја. Истото го направија и со западниот свет. Само што потклекнаа пред Русија.

Денес САД се воено /барем така размислуваат/ и економски подготвени за војна со Русија. Но, психолошки не се подготвени ниту тие, ниту западна Европа. Затоа што гледат на Русија преку својот менталитет и ментален склоп. Мислат дека ако имат економска и воена моќ и и’ дадат ултиматум на Русија, таа ќе капитулира. Декларацијата на НАТО од Варшава е таков вид ултиматум. Ако Русија не капитулира, тогаш варијантата им е тактичка и ограничена нуклеарна војна, пак со истата цел. Само што, кај Русите не постојат зборови „ограничено“ и „релативно“.

КОГА СЕ НАПАДНАТИ, КАКО ВО ВОЈНИТЕ СО НАПОЛЕОН И ХИТЛЕР, ТИЕ ВОЈУВАТ ДО КРАЈ.

Во состојбата во која моментно е Русија, таа има два избора: да биде заробена од САД засекогаш или да се спротивстави по цена на се’. Паметните Германци се сеќаваат што значи „по цена на се“, затоа што пробале на свој грб. Затоа и германскиот министер за надворешни работи директно го критикува НАТО за спремната војна, затоа и пред неколу денови една германска пратеничка кажа:

„Сакате да не вовлечете во војна со Русија. Сите да изгинеме“.

За да ги смират страстите во западна Европа, САД и НАТО одлучија да префрлат дел од нуклеарните орудија во источна Европа и на Балканот. На тој начин, при војна први ќе заминат балтичките држави, Полска, Романија, а доколку на Косово и во Бугарија истовремено со сегашните американски бази се ставаат и такви орудија, и тие земји ќе останат како црни дамки на мапите. Се разбира, американската пропаганда тврди дека Русија се плаши од НАТО и ќе капитулира. Таа лага се шири и има успех затоа што одговара на западниот менталитет. Во слична ситуација тој би попуштил.Уште повеќе што се знае дека во светска нуклеарна војна ќе изгине поголемиот дел од човештвото. За луѓе кои мислат дека човекот произлегол од мајмунот и дека 21-от век е врв на цивилизацијата, таков крај е незамислив. Само што, одамна се знае дека на Земјата имало дури поразвиени цивилизации отколку нашата и се уништени преку нуклеарни и слични орудија. Тие факти се познати на денешните кандидати за светско господство и затоа одамна спремаат подземни безбедносни комплекси за долго живеење таму. Затоа што, нуклеарната војна ќе биде кратка, ама негативните резултати од нејзе ќе траат подолго време.

За трет пат во изминатиот век Германија ќе биде меѓу главните жртви во идната војна. Германскиот менталитет е таков што бара одмазда и воен реванш за катастрофите во двете светски војни, и тоа цврсто го користат САД и Велика Британија. Сега Германија ќе ја има „честа“ да ја води ЕУ во војната против Русија, а по излезот од Унијата, Велика Британија ќе гледа сеир.

Тогаш што правиме со нашите забегани политичари, кои по цел ден се дерат со лозунги: НАТО-ЕУ! Што ќе правиме и со оние „мудреци“, кои калкулираат: „Да“ на ЕУ и „Не“ на НАТО?

Со договорот потпишан пред самитот во Варшава меѓу НАТО и ЕУ, се виде дека тие одат во комплет. Или според народната поговорка „прдат во едно грне“. Еднаш веќе кажав дека за нашето опстојување како народ и држава е многу битно каде ќе ја сретнеме војната: надвор или внатре во НАТО и ЕУ. Ако бидеме внатре, ќе одиме курбан независно која партија е на власт. Истовремено тоа ќе значи дека заслужуваме да не’ снема. Меѓутоа, ние многу пати сме го заслужиле тоа, ама Господ преку судбината не’ држи на површина.

АКО БИДЕМЕ НАДВОР ОД НАТО И ЕУ, ИМАМЕ ГОЛЕМА ШАНСА ДА ПРЕЖИВЕЕМЕ.

Само што за таква иднина нема да бидат заслужни политичарите. И тие, и нашите прават се’ што е можно да бидеме уништени.

ГОЛЕМАТА ШАНСА ЈА ГЛЕДАМ ВО ТОА ДЕКА И ЕДНИТЕ И ДРУГИТЕ НЕМА ДА ИМААТ ДОВОЛНО ВРЕМЕ ЗА ТОА.

Ете, Нуланд дојде и нареди нелигитимното Јавно обвинителство да работи, да се исполни целосно Пржинскиот договор и да има избори по американски терк. Тоа значи пред и по изборите коалициона Влада, која ќе ја подготви и ќе ја реализира официјалната федерализација на Македонија со менување на уставното име и губење на македонскиот идентитет. Потоа, следува автоматско влегување во НАТО и физички крај на македонскиот народ. Времето не работи за Македонија, уште повеќе со досегашната политичка каста. Само што Господ си ја знае работата, ако ние не си ја знаеме.

ЗАТОА ПОРАКАТА Е: МОРА ДА ИЗДРЖИМЕ НАДВОР ОД НАТО ДО ВОЈНАТА ПРОТИВ РУСИЈА.

Нашите онесвестени политичари ќе се погрижат за тоа преку нови скандали, заемни уцени, обвинувања и така натаму. Секако мора да им помогнеме да не стигнат до НАТО.

ПО ВОЈНАТА ВЕЌЕ ЌЕ НИ БИДЕ ПОЛЕСНО И ТОГАШ ЌЕ РАСЧИСТИМЕ И СО ПЕТОКОЛОНАШИТЕ, И СО СОРОСОИДИТЕ, И СО АНТИМАКЕДОНСКАТА И АНТИДРЖАВНА ОПОЗИЦИЈА.