По само една година брак се разведуваат Џесика Бил и Џастин Тимберлејк

Нивниот брак траеше нешто повеќе од една година, а според магазинот „ОК!“, Џесика Бил и Џастин Тимберлејк веќе со месеци живеат одвоено.

По многу размислување, двојката реши да продолжи понатаму еден без друг, и наводно веќе ги чекаат документите за развод од кои што ги дели само еден потпис.

Овие гласини ги подгреаја бројните трачеви дека Џастин е неверен, но и незадоволството на Џесика бидејќи многу време поминуваат одвоени и тоа што Џастин се’ уште не сака да основа семејство со нејзе.