По Саудијците, ракометарите ги совладаа и Србите

Ракометната репрезентација на Македонија и во вториот контролен натпревар во рамките на подготовките за Европското првенство во Хрватска во петокот во Белград забележа победа, овојпат над селекцијата на Србија со 32:29.

Во првиот контролен дуел, во четвртокот македонската селкација со шеснаесет голови разлика ја совлада и Саудиска Арабија.

Во првиот дел од денешниот наптревар двете селекции се менуваа во водството, а на полувреме Македонија водеше со 14:13. Во вториот дел избраниците на македонскиот селектор Раул Гонзалез имаа постојано водство од два до четири голови разлика.

Најефикасен во макеоднскиот состав беше Гоце Георгиевски со осум голови, додека Филип Талески постигна шест.

За македонските ракометари следуваат два слободни дена за Божикните празници, а подготовките ќе продолжат во Скопје на 8-ми јануари, понеделник.