По седум години социјалистите ја преземаа владата на Шпанија

Во шпанскиот парламент во петокот изгласана е недоверба на малцинската конзервативна влада на премиерот Маријано Рахој, чијашто Народна партија минатата седмица беше осудена за корупција, па по седум години власта повторно ја преземаат социјалистите коишто со конзервативците последните 40-ина години од воведувањето на демократијата во Шпанија постојано се менуваат на власт а нов премиер стана нивниот лидер Педро Санчез.

Промената на власта во оваа медитеранска земја членка на Европската унија со 46,5 милиони жители, доаѓа во моментите на економското заздравување по годините криза и стагнација, настојувањата за неависност на богатата покраина Каталонија и загриженоста на Брисел за новооформената владејачка коалиција во Италија.

Левиот центар, Шпанската социјалистичка работничка партија (PSOE), којашто последните изборни циклуси бележеше постојано надолен тренд, покренувач на иницијативата за гласање на недоверба на владата, ја доби поддршката од девет помали опозициски партии, со што 180 од 350 пратеници во парламентот гласаа за смена на владата на Рахој. Тоа се четири пратеника повеќе од потребните. Против беа 169 пратеници, а еден беше отсутен. Народната партија (Partido Popular – PP), од десниот центар, досега владееше со 134 пратеници, а ја имаше поддршката од 32 пратеници на центристичката партија Граѓани (Ciudadanos).

Со излагасувањето на недовербата, власта автоматски ја презема најголемата опозициска партија PSOE којашто има само 84 пратеници. За да се оджи на власт до следните парламентарни избори во 2020 година, ќе мора да постигне натамошен договор со левата партија Можеме (Podemos) со којашто досега се разликуваше во екомонските прашања но во прв ред со партиите коишто заговараат независност на Каталонија и на Баскија. „Да, се може“, одекнуваше извикот на Podemos низ парламентот откако беше потврден разултатот од гласањето.

 

Си заминува премиерот кој ја стабилизираше економијата

Челникот на PSOE, 43-годишниот Педро Санчез кој станува нов премер е против референдумот за независноста на Каталонија, исто како и неговиот претходник. Според последните анкети најпопуларна партија во Шпанија е Граѓани (Ciudadanos), исто така, противници на референдумот, кои бараат распишување на предвремени избори на национално ниво.

Досегашниот премиер, 63-годишниот Маријано Рахој, која ја водеше земјата од 2011 година, се прости во петокот половина час пред почетокот на гласањето за доверба на неговата малцинска влада. „Јас ќе бидам првиот кој ќе му честитам на новиот премиер, бидејќи сум деморкат и ги почитувам резултатите од гласањето, иао не се согласувам со она што се случи“, рече Рахој во парламентот. Не учествуваше на претпладневната дебата кога веќе беа познати ставовите на сите патии.

Народната партија во 2011 година во екот на економската криза ги смени од власта социјалистите, а економијата сега расте по стапка од 3 отсто годишно, но стапката на невработеност и натаму е висока од 16 отсто. „Ми претставуваше чест да бидам премиер на подобрата Шпанија во однос на онаа којашто ја затекнав. Во име на доброто на Шпанија се надеваме дека и мојот наследник ќе биде таков“, истакна Рахој кој ја напушата позиција две години пред истекот на мандатот.

Неговите конзервативци минатата седмица најавија жална на одлуката на судот кој партијата ја прогласи виновна наложувајќи да плати казна од 245.492 евра поради нелегално финансирање во периодот од 1999 до 2005 година. Според судската пресуда, претприемачи ја финансирале партијта во замена за политички услуги.

Рахој наведува дека ниту еден член од досегашната влада не е осуден. Но тоа не ја убеди опоицијата која ги зби своите редови и покрај меѓусебните разлики. Така, со изгласувањето на недоверба за Рахој, на Рахој му се оствари она што не успеа да го стори на парламентаните избори во 2015 година и на повторените во 2016 година. Тогаш на власт се одржа Рахој со малцинска влада, и покрај обвинувањата на сметка на неговата партија за корупција и незадоволството поради мерките за штедење.

 

Дали досегашната опозиција ќе се реши за избори

Следните избори се закажани за 2020 година, но сега се чека дали Санчез ќе распише предвремени избори. Неговата партија има само 84 пратеици од вкупно 350 мандати во парламентот, ша опстанокот на привремената влада ќе зависи од договорот со левата Podemos и поборниците на отцепувањата на покраините Баскија и Каталонија, со коишто досега не се согласуваше по клучните прашања. PSOE летото 2016-та го претрпе најтешкиот пораз од 1977 година по падот на диктатурата на генералот Франко.

На последните избори беше нарушен 40 години долгиот двопартизам во текот на кој на власта се менуваа партијата од десниот центар Народна партија (Partido Popular), и партијата од левиот центар Шпанската социјалистичка работничка партија (PSOE). Двете нови партии, Можеме (Podemos) и Граѓани (Ciudadanos), успеаја да ја канализираат огорченоста од традиционалните политички партии, како и незадоволството од високата невработеност и корупциските скандали.

Рахој, пак, се одржа на власт благодарејќи на поддршката на партијата Граѓани (Ciudadanos), која има 32 мандати. Оваа партија, според анкетите во моментов е најпопуларната во Шпанија, а инсистира на моментално распишување на предвремени избори нарекувајќо ја владата на Санчез „Франкенштајнска влада“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.