По шест часа изгаснат големиот пожар кај Велес

Изби пожар во Македонска Каменица

Пожар беснееше синоќа на ридот над Башино село и над автопатот Скопје – Велес во близина на последниот тунел.

Огнот проголтал над 100 хектари борова шума, покажале првичните проценки.

Огнот се доближил до викенд куќите

Вчерашниот пожар брзо се ширел поради силниот ветар што постојано дувал. Се формирале два крака, првиот што ја пеплосал шумата во делот на ридот покрај автопатот Скопје – Велес се до селото Новачани и вториот во правец кон езерото Младост.

Ситуацијата била алармантна, особено кога огнот се доближил до викенд куќите во Новачани и неколку на патот од Башино село кон езерото за што освен пожарникарите, шумарските работници и локалното население во гаснењето на огнот била побарана помош од два авиони на дирекцијата за заштита и спасување, пренесува Канал5.

По шест часа овој пожар е ставен под контрола, но жителите од месното население биле на готовс во текот на целата ноќ.