По скандалот со нацистички обележја, Германија ги пребарува сите касарни

Германската воена хиерархија објави во неделата дека издала наредна да се пребаруваат сите касарни по скандалот предизвикан со откривање на нацистички предмети и обележја во најмалку две касарни, а на што подолг период се предупредуваше во медиумите.

„Главниот иследник на Бундесверот гои нареди овие пребарувања во сите касарни, за да се дознале дали во нив се чуваат предмети на Вермахтот, и доколку ги има да бидат отстранети“, изјавил портпаролот на министерството за одбрана на Германија.

Ваквата одлука е донесена по скандалот кој го зафати Буденсверот (германската армија) и министерството за одбрана последните две седмици, особено по апсењето на офицерот од француско-германската воена база „Илкирх“ близу Стразбур. Осомничен е дека планирал, претставувајќи се како сириски бегалец, убиство на лево ориентирани лица и странци.

Овој 28-годишен офицер со години поддржувал ултранационалистички и ксенофобни ставови, соопштија властите. Во текот на инспекцијата во касарната во Илкирх пронајдени се предмети на Вермахтот, војската на нацистичките власти во периодот од 1935 до 1945 година, во заедничката сала каде што биле изложени извесен период. Министерството за одбрана, коешто ги забранува таквите предмети, открило слични случаи и во уште една база, во Донауешинген, во Германија.

Медиумите открија дека претходниот сандал се однесувал на базата „Илкирх“ во 2012 година кога војниците на подот исцртале „свастика“ (кукастиот крст), за да ги испровоцираат француските војници пред фудбалскиот натпревар меѓу германскиот клуб Баерн Минхен со францускиот клуб Лил.

Германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лејен, блиска на канцеларката Ангела Меркел, ги повикала генералите по апсењето на офицерот во Илкиркх и барала од нив да бидат непопустливи кон оние коишто покажуваат наклонетост кон екстремната десница. „Процесот кој е во тек бара храброст и постојаност. Мораме сите да го поддржиме, од генерали до регрути“, изјави во неделата министерката за весникот Bild.