вторник, 23 мај 2017  |  Вести денес: 55

По Скопје и Штип, Вардар Јуниор лигата в недела ќе се игра во Охрид

vardar-junior2

Последни вести

По натпреварите во Скопје и Штип, Вардар Јуниор лигата се сели во Охрид. В недела ќе се одигра третото пролетно коло, на кое домаќин е тимот на Евро фудбал 2 – Вардар.

На стадионот „Билјанини извори“ ќе настапат тимовите на ФК Вардар, ФК Ново Лисиче и ФК Спортефе од Скопје, како и ФК Прилеп од истоимениот град и ФК Евро фудбал 2 – Вардар од Охрид. Овие клубови ќе ги одмерат силите меѓу себе со генерациите на деца родени од 2003 до 2006 година.

Според натпреварувачкиот распоред, во периодот помеѓу 11 и 14 часот планирано е да бидат одиграни 12 средби, на кои младите надежи ќе имаат нови можности уште еднаш да го покажат нивниот талент.

vardar-junior

Во генерациите 2003 и 2005 се испланирани по четири натпревари, во генерацијата 2004, еден, додека во најмладата генерација ќе има три натпревари, а за сите четири првиот меч е закажан со почеток од 11 часот.

vardar-junior1

Во продолжение може да го погледнете целосниот редослед на натпреварите:

Генерација 2003 година:

  • 11:00 часот ФК Прилеп – ФК Евро фудбал 2-Вардар, Охрид
  • 11:45 часот ФК Вардар – ФК Ново Лисиче, Скопје
  • 12:30 часот ФК Вардар – ФК Прилеп
  • 13:15 часот ФК Ново Лисиче, Скопје – ФК Евро фудбал 2-Вардар, Охрид

Генерација 2004 година:

  • 11:00 часот ФК Евро фудбал 2 – Вардар, Охрид – ФК Ново Лисиче, Скопје

Генерација 2005 година:

  • 11:00 часот ФК Прилеп – ФК Ново Лисиче, Скопје
  • 11:35 часот ФК Вардар – ФК Евро фудбал 2-Вардар, Охрид
  • 12:10 часот ФК Вардар – ФК Прилеп
  • 12:45 часот ФК Еврофудбал 2 – Вардар, Охрид – ФК Ново Лисиче, Скопје

Генерација 2006 година:

  • 11:00 часот ФК Спортефе-Вардар, Скопје – ФК Евро фудбал 2-Вардар, Охрид
  • 11:35 часот ФК Спортефе-Вардар, Скопје – ФК Ново Лисиче, Скопје
  • 12:10 часот ФК Еврофудбал 2 – Вардар, Охрид – ФК Ново Лисиче, Скопје

Најчитани вести