По тешката сообраќајка Маџиров надвор од животна опасност

И покрај сериозните и тешки повреди здобиени при вчерашната сообраќајна несреќа, познатиот музичар Зоран Маџиров според последните информации, е во стабилна здравствена состојба и надвор од животна опасност.

Несреќата во која е повреден Маџиров се случи вчера околу 16,10 часот на патот Штип-Радовиш кога од засега неутврдени причините тој возејќи го својот „мерцедес е220“ се судрил со камион со полуприколка „даф“ со кумановски таблички управуван од 39-годишниот Н.А..

Маџиров при ударот се здобил со повреди на главата и со брзило на Итната медицинска помош е префрлен на скопските Клиники.

Поради несреќата сообраќајот на патот Штип-Радовиш беше во прекин до 20,50 часот.