По три часа разговори, преговарачите за името заминаа на пауза за ручек

По три часа разговори во четвртокот во седиштето на Обединетите Нации во Њујорк, министрите за надворешни работи и медијаторот направија пауза за ручек.

Преговорите почнаа во 16.30 по македонско време, а 10.30 по њујоршко. Овојпат средбата меѓу Никола Димитров и Никос Коѕијас е во присуство на медијаторот на ОН, Метју Нимиц.

Двата преговарачки тима во Њујорк пристигнаа со различни ставови. Димитров ќе се обиде повторно да го стави на маса предлогот „Република Илинденска Македонија“, а Коѕијас очекува дека ќе се разговара за предлозите на Нимиц.

Преговорите продолжуваат по паузата за ручек.