По три години пауза, Матераци повторно ќе ги облече копачките

Поранешниот репрезентативец на Италија и дефанзивец на Интер, Марко Матераци по три години пауза се враќа на зелениот терен, но ќе има и тренерска улога.

По Давид Трезеге, Алесандро Дел Пјеро, Николас Анелка, Роберт Пирес, Луис Гарсија, Дејвид Џејмс, Жоан Капдевиља и уште неколку познати имиња, во Индија пристигна и Марко Матераци.

Италијанецот се реактивираше по тригодишна пауза, а ќе ја има улогата на играч-тренер во индискиот тим Ченај Титанс.

Матераци во 2011-та ја заврши својата играчка кариера, но очигледно дека од Индија пристигнала примамлива понуда која не можел да ја одбие.

Искусниот стопер поголемиот дел од својата кариера ја мина во Интер (десет години) со кој во 2010-та година ја освои Лигата на шампионите.