По три години затвор за шестмина демонстранти за случајот „Монструм“

Шестмина насилни демонстранти кои протестираа по пресудите во случајот Монструм добија по три години затвор.

Сите шестмина одговараат за учество во толпа која ќе стори кривично дело.

Еден обвинет доби ослободителна пресуда, додека за едно лице, обвинителството се откажа од обвинението.
Во протестите против Монструм повредени беа дваесетина полицајци и беше причинета значителна материјална штета.