Магазин

По три месеци брак Амал и Клуни се разведуваат

По три месеци брак Амал и Клуни се разведуваат

Според написите на американскиот портал Inqisitr Амал Аламудин и Џорџ Клуни толку многу се расправаат, поради што најверојатно би можеле да се разведат по само три месеци брак.

Пријателите веруваат дека Амал и Џорџ нема да може да успеат заедно затоа што постијано се расправаат.

„Амал и Џорџ нема да опстанат, кога ќе се повлечат завесите, Амал и Џорџ без престан се расправаат“, изјавил извор за магазинот „Life&Style“.

Овие информации кои се појавија во странските медиуми се вистинско изненадување затоа што при крајот на минатата година се зборуваше дека Амал е бремена. Сепак, убавата адвокатка во една прилика изјави дека би сакала да почека со мајчинството. Затоа што сака прво да поужива во ббракот, а Клуни сакаше што побрзо да заснова семејство.

Што и да се случува помеѓу познатата двојка, со сигурност нема да има многу детали за тоа во јавноста како и за се друго досега, а за вестите за разводот или за бременоста засега не се огласиле ниту Клуни, ниту Амал.

фото: usmagazine.com