ВИДЕО: По вчерашните инциденти приведени 21 „комита“

Дваесет и еден член на навивачката група „Комити“, од кои 12 малолетни, синоќа се приведени поради нарушување на јавниот ред и мир.

Полицијата информира дека „комитите“ прво околу 17 часот направиле инцидент во автобусот бр 2 кога 40 навивачи без било каква причина нападнале неколку малолетници и го оштетиле автобусот.

Проблемите со „комитите“, според полицијата, продолжиле и во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ за време на натпреварот меѓу РК Вардар и РК Динамо Минск.

„Дошло до нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу група навивачи од навивачката група „Комити“ и со фрлање на ситни предмети кон гледалиштето и натпреварувачкиот простор. При интервенција на полицијата, од страна на група навивачи УПС се омаловажувани со погрдни и навредливи зборови, при што од еден учесник во групата со тврд предмет во пределот на главата бил удрен полициски службеник и истиот се здобил со телесна повреда. По преземени мерки во врска со двата настана приведени се 21 лице од кои  12 малолетни“, се вели во информацијата од полицијата.