среда, 26 јули 2017  |  Вести денес: 44

По Велигден, специјалитети од варени јајца

Колку јајца и да сте свариле, скршиле или поделиле за Велигден, некое сигурно ќе ви остане. Немојте да ги фрлате бидејќи варените јаца се клучни состојки за многу вкусни јадења и салати.

salata (1)

Последни вести

ПИЛЕШКА САЛАТА

Потребно е зелена салата, 100 гр. бело грозје, 300 гр сварено бело месо, 2 тврдо варени јајца. За прелив се потребни 2 чаши јогурт, 1 лаж сенф, половина лаж. маслиново масло, 2 лаж. мајонез.

Подготовка

Јогуртот, сенфот, сувите зачини и мајонезот добро измешајте ги. Измиените листови зелена салата наредете ги на плитка чинија. Одозгора ставете исечкано бело месо и парчиња тврдо варени јајца, па  ставете го грозјето исечкано на половина. На крај прелијте со прелив и добро оладете ги пред да служите.

NICAНИЦА САЛАТА

Потребно е 1 варено јајце, 1 домат, 1 краставица, 1 пиперка, конзерва туна, неколку црни маслинки, `1 кромид, 1 зелена салата, малку маслиново масло, лимонов сок, црн пипер.

Јајцата и доматите исечкајте ги на парчиња, краставиците на коцки, пиперката и кромидот на кругови. Зелената салата исцепкајте ја на мали листови. Измешајте го целиот зеленчук, измешајте го со маслинови масло, лимонов сок, сол, пипер и додадете ги маслинките.

FRANCUSKA SALATAФРАНЦУСКА САЛАТА

Потребно е 300 гр. рокфорт сирење, 2 јајца, 3 домати, 3 лаж. грашок, 3 кромида, 4 лаж. тартар сос, 4 лаж павлака, лаж. сок од лимон, лаж. јогурт.

Сирењето и тврдо варените јајца исечкајте ги на коцки, ставете ги во чинија додадете го исечканиот домат, грашокот и кромидот. Измешајте го тартар сосот, павлаката, сокот од лимон, јогуртот и со тоа прелијте ја со салатата. Оставете ја еден час пред служењето да отстои во фрижидер.

Најчитани вести