По влажни коловози со остатоци од кашест снег, на Стража магла

Сообраќајот на државните патишта во понеделникот во пладневните часови се одвива по влажни коловози со остатоци од кашест снег, додека на Стража поради појава на магла видливоста е намалена до 100 метри, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) во извештајот за состојбата на патиштата во 12 часот.

Укината е забраната за движење на тешки товарни возила на планинскиот премин Ѓавато и престана да важи од 12,30 часот.

Забрани за тешки товарни возила се уште има на патните правци Крак-Маврово-Дебар, Крак-Стража-Кичево и на планинскиот премин Пресека.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.