По Заев и Калајџиев бара преуредување на државата

Професорот Гордан Калајџиев, кој еден од најгласните демонстранти во првите редови на т.н. „Шарена револуција“ ги поддржува барањата на опозицискиот лидер, Зоран Заев за федерализација на Македонија, пишува Курир.

-Очигледно, нас ни треба, на некој начин еден нов вид општествен договор. Првиот чекор ќе биде уривање на оваа власт, изјави Калаџиев во гостувањето на ТВ 21.

Заев овие ставови и сценарија ги најави уште во 2008 година кога јавно порача дека државата мора да ја „свитка кичмата“ за да постигне решение за името.

Последниот скандал е што на отворена сцена се гледа како Заев договарал федерализација на Македонија, а во игра е промена на знамето, на името, на химната на државата и создавање на дводомен парламент, при што претседател на државата да биде Албанец по систем на ротација. Овие барања ги испорача албанската дијаспора на Македонија (АДМ) преку нејзиниот претседател Муса Љамалари – Тим Шкупи, со кого Заев на 13 април, имал средба во седиштето на СДСМ на „Павел Шатев“.

Претходно Заев во интервју за косовска телевизија најави потреба од ревидирање на Рамковниот договор и учење на албански јазик во основните училишта, што значи преструктуирање на уставниот поредок на државата со бинационален елемент.

Идентично на барањата на албанската дијаспора за претседател Албанец по систем на ротација е и ставот на Љубомир Фрчковски како главен идеолог на СДСМ, кој посочи дека треба да се размислува за уставни промени и воведување на систем на ротација со претседател Албанец.

Очигледно, сега дојде ред и на професорот Калајџиев да застане и да го промовира ставот за нов општествен договор, како што изминатиов период тоа го правеше неговиот деструктивен колега Фрчковски и нивниот идеолошки лидер Заев.