По завршувањето на примирјето обновени нападите во Алепо

Само неколку часа по завршување на времениот прекин на огнот во градот денеска сириските владини сили и бунтовниците продолжија со нападите во Алепо.

Авиони на сириските безбедносни сили ги бомбардирале квартовите Захара и Мајсар, кои се под контрола на бунтовниците, веднаш по истекот на рокот на примирјето, кој заврши на полноќ.

Бунтовниците одговориле на напдот, истрелувајќи три ракети врз квартот Сеиф ад Даула, кој е под контрола на владините сили.

Засега нема информации за евентуални жртви во нападите.