Побарувачката на нафта нема да порасне во 2015 година, со оглед на ниската цена

Меѓународната агенција за енергетика (IEA) го намали предвидениот раст за побарувачка за следните години, велејќи дека брзиот пад на цената на нафтата досега не го стимулирал растот на продажба.

Енергетскиот „чувар“ на богатите земји во својот месечен извештај за пазарот на нафтата, кој многумина будно ги следат, наведува дека глобалната побарувачка на нафта ќе расте за 900.000 барели дневно во текот на 2015 година, што е за 230.000 барели по ден пом алу од предвиденото според очекувањата од минатиот месец на вкупно 93,3 милиони барели дневно.

„Низа очекувања на Русија и другите големи извозници на нафта, јакнењето на доларот и укинувањето на субвенции во многу земји потрошувачи секако не помагаат во зголемување на побарувачката“, наведе во петокот IEA.

„Падот на цената на нафтатат понекогаш се опишува како „даночно олеснување“ и благослов за економијата, но овој пат неговиот ефект може да не биде скромен“, додава IEA.

„Слабата побарувачка на нафтата е сама по себе клучен фактор за опаѓање на цената. Глобалната економија и понатаму е слаба, засега нема раст, потрошувачката е на ниско ниво и главна грижа е дефлацијата, а сето тоа влијае едно на друго“, изјавува авторот на извештајот Антоан Халф.

На страна на понудата, како што вели IEA, цените кои паднаа за повеќе од 40 отсто од средина на јуни „и маат скромно влијание на краткорочниот раст на производството, но и дека падот на цената може да уназади многу произведувачи“.

Во петокот, цената на „брент“ нафта падна за дополнителни 56 центи, на 63,12 долари по барел, додека цената на американската „лесна“ нафта на меркантилната берза во Њујорк падна под 60 долари за барел, за 76 центи се на се, или 59,19 долари по барел.

Неуморното производсрво на нафта во САД во комбинација со производството на земјите во ОПЕК ги надмина предвидувањата и се поклопи со падот на побарувачката во Кина и ослабената европска економија што довело до најголем пад на цената во последните пет години.

Агенцијата го намалила предвидениот раст на понудата на земјите кои не се членки н а ОПЕК, како резултат на неповолните прогнози за Русија со намалувањето на цената на нафтата, влијан ието на западните санкции и падот на валутата, што ќе влијае на планираното производство.

Меѓутоа, американското производство на нафта од шкрилци веројатно ќе продолжи краткорочно да се зголемува, како и производството во другите земји. Намалувањето на трошоците на меѓународните нафтени компании и земјите произведувачи „ќе ја намалат понудата, но не веднаш“.

„Процесот на производство на нафта толку долго трае што треба време осцилацијата на цената да почне да влијае на понудата“, соопштила Меѓународната агенција за енергетика и додава:

medunarodna-agencija-za-energetiku-financial-times-foto-beta-ap-1418805525-599623

„Проектите за кои веќе се обедбедени финансиски средства, во голем дел ќе продолжат со реализација“.

Прогнозата за 2015 година за таканаречениот повик кој го упати ОПЕК, односно количината на сировата нафта која картелот би требало да ја произведува за да има урамотежување на пазарот, намалена е за 300.000 барели дневно на вкупно 28,9 милиони барели дневно во склад со ревизијата внатре во самиот ОПЕК.

Тоа е помалку од моменталното производство од целта од 30 милиони барелни дневно, кој картелите на состанокот на ОПЕК во Виена минатиот месец одлучија да го задржат, и покрај апелите на некои од загрозените земји, како што се Венецуела, да се намали производството и да се постави долна граница за опаѓањето на цените.

„Освен ако не дојде до неорганизиран одговор на произведувачите, може да помине многу време додека наглиот пад на цената не почне да влијае на понудата и побарувачката“, изјавува IEA.

Во екот на актуелната осцилација на пазарот на нафтата, Меѓународната агенција за енергетика изјави дека својот среднорочен нафтен извештај, својата петгодишна прогноза, ќе ја објави во февруари 2015 година, за разлика од оваа година кога овој извештај беше објавен во јуни.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.