Спорт

Ла Лига Победа на Атлетико на гостувањето кај Еибар

Победа на Атлетико на гостувањето кај Еибар

Во 19-то коло од шпанското фудбалско првенство во саботата фудбалерите на Атлетико Мадрид минимално со 1:0 славеа на гостувањето кај Еибар и сега се на шест бодови заостанување зад водечката Барселона која во неделата гостува кај Реал Сосиедад.

Победничкиот гол за Атлетико го постигна Кевин Гамеиро во 27 минута. „Јорганџиите“ имаат пет бодови предност пред третопласираната Валенсија којашто има и меч помалку, а десет бодови повеќе од градскиот ривал Реал кој исто така има еден неодигран натпревар. Еиар, пак, е на седмата позиција со 27 бодови.

Гирона со 6:0 го декласираше Лас Палмас, откако првиот дел заврши само со 1:0, а стрелци беа Кристијан Стуани во 25 минута од пенал, Мичел Олунга во 57, 70 и 79 минута, Борха Гарсија во 64 и Порту во 74 минута. Гирона моментално е 9-та со 26 бодови, додека Лас Палмас е последен 20-ти со 11 бодови.

Претходно во саботата фудбалерите на Реал Мадрид повторно киксираа во саботата во 19-то коло од шпанското првенство, откако беа поразен на домашен терен од Виљареал со 0:1.

Ова беше уште една бледа претстава на бранителот на титулата „кралскиот клуб“, а и пресуди Пабло Форналс во 88 минута по успешниот противнапад на гостите. Малку претходно, во 81 минута убава шанса Реал да го доведе во водство имаше Лука Модриќ, но неговиот удар од 14 метри заврши над голот.

Реал, кој се наоѓа во голема криза од почетокот на шпанското првенство и постојано е во големо бодовно заостанување зад водечките екипи, во последните три кола освои само еден бод. Пред католички Божик загуби на домашен терен во „Ел Калсико“ од Барселона со 0:3, а во минатото коло кај Селта во Виго одигра 2:2.

Реал остана на четвртото место на првенствената табела со 32 бодови, односно дури 16 одови помалку од водечката Барселона.